АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дуќанџиите од Широк сокак бараат спас од децата-питачи и повозрасни лица кои просат седнати пред нивните дуќани. Тие со претставка официјално побараа помош од битолската полиција, но и по повеќе од еден месец нема решение на проблемот. На потегот од плоштадот „Магнолија“ па се до „Веро“ маркетот, повеќе групи на деца-питачи растрчуваат пред дуќаните или лежат пред вратите на продавниците, се жалат сопствениците на дуќани.