2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

100 барања за проценка на  штети  предизвикани од земјотресот  во Битола и битолските села поднесоа битолчани   за само еден ден до Општина Битола.  Пријавувањето започна вчера,  а граѓаните ќе имаат можност да ги пријават штетите до 26 јануари. 

Изронети фрески, распукани тавани, ѕидови и подови, срушени делови од конаците… Земјотресите што два дена дрмаат во Битолско предизвикаа големи оштетувања во манастирот „Св. Ѓорги“ во пограничното село Велушина. Манастирот е стар 183 години, а дел од оштетените фрески се дело на Јован Зограф.

Во 16 и 14 минути, нов земјотрес со магнитуда од 4,5 степени се почувствува во Битола. Епицентарот повторно е во Грција на 8 километри од Лерин,  во Битолско епицентрално подрачје. 

Вчерашниот земјотрес е најсилен во последните 120 години во Битолскиот расед*, но сеизмолозите велат дека во ова епицентрално подрачје не се очекуваат посилни потреси. Претходно во 1994 земјотресот во Битола беше со магнитуда од 5,2, во 1958 земјотрес од 5,3 степени по Рихтер, 1922 година земјотрес со магнитуда од 5,1. Ова се податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, а причина за земјотресите е издигнувањето на планината Пелистер и спуштањето на Пелагонија, вели во интервју за Сител Драгана Черних раководител на Сеизмолошката лабораторија во Скопје.

„Во овие мигови во Битола се случува евакуација, односно вистински егзодус на населението. Стотици, можеби илјадници возила, во колони се упатуваат кон излезите од градот и бараат безбедно засолниште надвор од него. Цели семејства, заедно со децата, бараат спас во селата, викендиците или кај роднините подалеку од градот. Некои палат логорски огнови и ноќта ќе ја поминат во дружење и со топла ракија.

Чудно е тоа - илјадници луѓе, кои никогаш не читале геофизика или динамика на конструкции, истовремено доаѓаат на една иста, бескорисна идеја. Веројатно поттикнати само од стравот, емоциите, паниката и потсвеста, прават нешто само колку за да се каже дека прават. Би требало да знаат барем две работи.
Прво, најбезбедното место за време на земјотрес е токму станот, доколку живеат во градби изградени во времето на Југославија, според тогашните строги, асеизмички прописи. Никакво возење со лифт или трчање по скали, бидејќи тие се најранливите места во секој објект.
Второ, при главниот удар на земјотресот се ослободува главнината на енергијата. Сите последователни удари (афтершокови) ослободуваат сé помала и помала енергија, како што тектонските плочи наоѓаат нова положба на минимум потенцијална енергија, а раседот се смирува.
Тоа значи дека тоа што бидна - бидна. Сега е бесмислено бекството. Во следните денови ќе има серија афтершокови, коишто ќе можат единствено инструментално да се регистрираат, а единствено посилните ќе ги почуствуваме самите.
Би било добро доколку некој професор од ИЗЗИС излезе на телевизија и ги објасни овие работи, за да се избегне непотребниот метеж и малтретирање на населението“,  напиша професорот Дејан Трајковски на неговиот фб профил. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани