АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
100 барања за проценка на штети предизвикани од земјотресот во Битола и битолските села поднесоа битолчани за само еден ден до Општина Битола. Пријавувањето започна вчера, а граѓаните ќе имаат можност да ги пријават штетите до 26 јануари.
Денеска после пладне членови на Владата, заменик-претседателот Љупчо Николовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски ќе одржат работен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во врска со настанатите штети од земјотресот во Битола.
По силниот земјотрес на 9 јануари со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер, со епицентар во Грција, на 20 километри од Битола, тлото не престанува да се тресе. Вчера околу 15 часот беше регистриран уште еден посилен потрес од 4,5 степени, а потоа во текот на ноќта и утрово следа уште петнаесетина со помал интензитет.