Од понеделник 21.06.2021 год, започнува предавањето на печките на тврди или фосилни горива за носителите на домаќинствата, кои беа субвенционирани на јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди. Согласно објавениот распоред, на следниот линк предвидено е да се предаваат 600 печки, седмично. 
 
 
Граѓаните потребно е да ги предадат без надомест печките на тврди или фосилни горива во ДООЕЛ Отпад „Чамец“ Битола, кој се наоѓа на патот за Могила од лева страна (телефон за контакт 071/295-332), во наведениот временски период во списокот, во периодот од 08.00 до 16.00 часот. При предавањето на печките, граѓаните ќе добијат потврда, која заедно со копија од гарантниот лист и копија од документот за монтажа на инвертер клима уредот, треба да ја достават до Општина Битола од 08 до 16.00 часот истиот ден или најдоцна до 12.00 часот следниот ден, во зградата на Советот на Општина Битола (зад општинската зграда). Се информираат граѓаните дека потребно е да го почитуваат терминот во објавениот распоред со цел непречено спроведување на процесот.
 
Предавањето на печките се врши согласно наведените услови во јавниот повик за субвенционирање, а Општина Битола по пат на јавен повик изврши избор на правно лице за собирање на користени печки на тврди и фосилни горива од добитниците на субвенции за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

На дневен ред на седницата на Советот  на Општина Битола денеска е правилникот за условите и критериумите според кој ќе се наодместуваат трошоците на домаќинствата за замена на печките на огревно дрво со инвертер клими. Исто така со овој правилник се утврдуваат и зоните на подрчајето на Битола кои ќе бидат опфатени со оваа мерка.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани