АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нашата 16 годишна битолчанка Теодора Мицевска, ја понесе Гран При наградата на Меѓународниот фестивал во Молдавија каде се претстави со исклучителна изведба на македонската народна песна „Јано мори“. На оваа манифестација што се одржа од 27 до 31 октомври, Теодора настапи во силна конкуренција со учесници од Романија, Украина, Русија, Молдавија,Бугарија, Албанија, Косово, а таа беше единствен учесник од Македонија и го понесе највисокото признание. Самиот натпревар има повеќе категории, естрада, фолклор, балади, поп, џез, кореографии, гимнастика, уметност итн.
-Гордо ја претставив нашата држава на музичката сцена во Молдавија и пред многубројна публика. Тоа е еден од поголемите меѓународни фестивали што се одржува во Молдавија во главниот град Кишинев. Чувството е исклучително и неописливо. Учествував во категоријата фолклор со изведба на една од најубавите македонски народни песни " Јано мори", изјави теодора за апла.мк
Таа по вторпат настапува на фестивалот во Молдавија. Во 2019 се претсави со песната "Ој ти пиле", што ја споделуваме со нашите читатели, а за овогодишниот настап очекуваме видео наскоро.