АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Група битолски планинари ветерани, некои во деветтата деценија од животот, пеш се качуваа до Копанки зашто не работеше жичницата, а горе свртија мазник со паричка на 1.500 метри надморска височина.
Општината има средства и можност за обнова на планинaрскиот дом Копанки во многу краток период, но условите мора да бидат прецизирани и во корист на сите граѓани, бидејќи овој дом треба да биде објект од јавен интерес, а финансирањето со јавни пари бара и регулирани односи.
По објавениот статус на ФБ профилот на Планинарското друштво „Трансверзалец“ во кој ги повикаа планинарите да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан се до објавување на официјален извештај, државната информативна агенција МИА објави писмо од семејствата на младите планинари Калина Велевска (28) и Александар Миновски (35), кои трагично ги загубија животите на Ниџе, минатиот викенд.
Грчката противпожарна бригада на својот Твитер профил објави видео од извлекувањето на мртвите тела на двајцата млади планинари од Скопје, кои вчера ги загубија животите искачувајќи се на врвот Кајмакчалан од грчка страна.
Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.