АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку проект од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ИПА 2 инфраструктурно ќе се уредува пристапниот пат до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а исто така предвидени се зафати за подобрување на пристапот до амфитеатарот во Хераклеја.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги потпиша договорите за реализација на два нови проекти-Парк за деца и лица со посебни потреби и слепи лица во Битола и Адреналински парк на Пелистер.
Античките локалитетити Хераклеја Линкестис и Пела во Македонија и Грција, но и уште многу други места, ќе се најдат во заедничка понуда со туристички актрактивни дестинации во пограничниот регион, што е дел од проектот I TOUR за зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на веќе постоечките ресурси.
„Парк на социјална инклузија“, „Регионално осветлување“ и “Реконструкција и модернизација на НУ Завод и музеј“-Битола“, се трите предлог концепти за приоритетни проекти што ги изгласаа учесниците на денешниот трет форум, организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.