2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Избрани три предлог проекти на форумите организирани од Центарот за развој на Пелагонискиот регион

Февруари 21, 2019

„Парк на социјална инклузија“, „Регионално осветлување“ и “Реконструкција и модернизација на НУ Завод и музеј“-Битола“, се трите предлог концепти за приоритетни проекти што ги изгласаа учесниците   на денешниот трет форум, организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Овие активности се дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран и поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка. На форумите учествуваат претставници од невладиниот, образовниот и бизнис секторот кои имаа можност да предлагаат проекти и да изберат три.Предлог концептите ќе бидат испратени до донаторот, ко ќе изврши конечна евалуација и селекција, по што од трите предлози ќе биде избран еден регионален проект кој ќе се имплементира во Пелагонискиот регион, а грантот е околу 80 илјади евра.

Со проектот „Парк на социјална инклузија“ се предвидува дел од градскиот парк да стане достапен за лицата со попреченост со изградба на пристапни патеки, но и други содржини наменети за овие лица, а детското катче и урбаната опрема за најмладите, да биде приспособена за децата со посебни потреби, кои ќе можат заедно да се дружат со сите деца во овој дел на градскиот парк во Битола.

Вториот предлог проект кој го избраа присутните на форумот „Регионално осветлување“ предвидува замена на обичните со штедливи сијалици во сите општини во Пелагонискиот регион, во рамките на предвидените средства од грантот.

Со третиот проект „Реконструкција и модернизација на НУ Завод и музеј-Битола, се предвидува обнова на пациото во битолскиот Музеј.

Е. Мисирлиевски

pelagoniski

52830850 2233400720045504 5765496057278496768 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани