2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Бочварски: Политиканство е Општина Битола да го обвинува Министесртвото за траснпорт дека е кочничар на проекти

Декември 20, 2023

Владата од буџетот издвои 1, 7 милиони евра за Општина Битола, средства за реконструкција на влезот во градот од страната на Прилеп. Процедурите за префрлање на парите се веќе во тек, по што Општината ќе може да започне со реализација на овој проект, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Битола.

-Владата преку Министерството за транспорт и врски на општина Битола и додели 110 милиони денари за реконструкција на улицата 8 Септември во должина од 1,4 километри на потегот од бензинската пумпа Лукоил кон излезот кон Прилеп. Со тоа Владата одговори позитивно на барањето на Општината преку пратениците и мнозинството во Собранието. Во тек се постапките за исплата на средствата со што Општина Битола ќе може да започне со процедурите за реализација на овој значаен проект за граѓаните, рече Бочварски.

За обвинувањата од Општина Битола, дека Министерството за транспорт и врски кочи некои проекти, Бочварски одогвори дека станува збор за политиканство

-Да реализираше еден проект како регионалниот пат до Меџитлија, кој 40 години никој не го погледнал, да започнеш голем инфраструктурен проект автопат Прилеп-Битола, кој 40 години некој го зборува, а никој не почнал да го работи, да издвоиш 110 милиони денари на Општина Битола за реконструкција улици во вредност од над 500 илјади евра во само еден проект локални патишта кои се во надлежност на Општина Битола и да обвинуваш дека има кочници од страна на Министерството е во најмала рака смешно, но и политиканство дискусија од една општина. Но, очекувам политиката да ја оставиме настрана, а граѓаните гледаат кој што работи, рече Бочварски.

На прашањето дали и кога ќе се санираат прекопите на патот за Пелистер што се направени при изградба на инфраструктурата за колекторскиот систем, затоа што го отежнуваат движењето посебно во зимски услови и можат да претставуваат проблеми пред почетокот на туристичката и ски сезоната, Бочварски рече дека се прават напори тоа брзо да се санира.

-Ние имаме еден инфраструктурен проект што се работи во таа зона, и можам да кажам дека изведувачите се постојано на терен во координација и со Министерството за транспорт и врски и со Општината за овој проект да заврши и да не предизвика никаков проблем на туристичката сезона, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани