2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Опожарена поранешната амбуланта во Новаци

Февруари 21, 2019

Пожар денеска избувна во гаражата на поранешната амбуланта во Новаци, објкет лоциран на излезот од селото кон РЕК Битола. Огнот се проширил кон објектот, откако засега непознато лице го запалил стрништето на десетина метри од амбулантата.

Во напуштениот објект имало бали сено, што било причина пожарот доплнително да се засили

Противопжарните единици го ставија огнот под контрола, но попладнево повторно се разгорел.

Објектот на поранешната амбуланта, со години е напуштен и руиниран, а исто така не е легализиран. Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски, вели дека, земјиштетот е државна соспвеност, а корисник е Домот за народно здрвје од Битола.

-Пред извесно време извршивме увид заедно со директорката на Здравствениот дом, а  објектот е многу запуштен и руиниран. Општината не може да инвестира, затоа што потребно е првин надлежноста да се префлри на Општина Новаци , а потоа ќе бараме легализација, како и средства за негова реконструкција, вели Кузманоски.

pozar nvaci2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани