АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Едночасовната балетска претстава „Либертанго“ на Македонската опера и балет, која беше вечрва изведена во големата сала на Центарот за култура во Битола, ја крена на нозе битолската публика.
Ликот на композиторот Пјацола во три животни периоди – дете, млад и стар го играат Марко Здравковски, Симоне Џиролети и Драган Кочовски. Во улога на неговите родители Асунта и Висенте настапауваат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, а познатите аргентински танчари ги играат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска и Марија Јосифовска-Ристовска.
Во „Либертанго“ учествуваат триесетина балетски играчи во улоги на танго-танчари и танчарки, италијански емигрантски семејства…