АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кој вели дека веќе нема градски битолчани и дека не се зачувал дијалектот? Токму фејсбук групата „Стари битолчани“ основана од битолчанецот Благој Митревски деновиве покажа дека духот на битолчани и спомените за стара Битола и тоа како се живи, а зборовите по битолски течат ко река. Групата брои над 5000 членови, а нивниот број секојдневно расти. Можат да се прочитаат битолски муабети, подзаборавени зборови, фрази и други чамче муабети. Некои од нив разбирливи само за битолчани.