2win800x200

Директно

Битолчани денес имаа можност да испијат кафе со неколкумина мигранти и да позборуваат за нивните патешествија што ги минаа напуштајќи ги матичните земји. Неколкутемина бегалци на средбата дојдоа од прифатните центри во Табановце и Гевгелија, а не од Битола зашто во нашиот град ги нема.

Мери Стојанова, етнолог виш кустос е новиот ве-де директор на Завод и музеј Битола. Таа доаѓа на местото на историчарот д-р Александар Литовски кој оваа функција ја извршуваше од август минатата година.

Стојанова која е доктор на науки  досега се истакнала со бројни реализирани проекти и изложби, документарни филмови  од областа на етнологијата, традицијата, занаетите и народното творештво.

Европската унија и во иднина ќе биде партнер и ќе и помогне на општина Битола за нејзин  напредок и реализација на приоритеите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Евроамбасдорот   истакна дека  со Петровска  раговараа за досега реализираните прокети со поддршка на ЕУ, но и за проблемите со кои се соочува оштината и можноста Унијата да помогне во нивно надминување.

Креативните уметности можат да придонесат за подобро урбано живеење преку учество на граѓаните во текот на предлагање на решенијата.

Ова е идејата на проектот „Граѓански  паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“ кој преку изложба на проекти и фотографии и презентација на видео бим на непостоечки објекти во Битола кои биле од големо значење за градот  од  денеска е претставен за јавноста  во Завод и музеј Битола.

Четиринаесет прочистувачи за воздух донираа фирмите „Бимилк“ „Симпекс“ и „Кромберг и Шуберт“ во битолските детски градинки „Естреа Овадија Мара“ и „Мајски цвет“. На донацијата присуствуваше и битолската градоначалничка Наташа Петровска која изјави дека фимите на ваков начин ја покажуваат општествената одговорност и нивната грижа за најмалите поколенија во градот.

Лидија Тфирст Митревска е избрана за вршител на должност во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола  и таа доаѓа на местото на Лидија Петровска , која оваа функција ја извршуваше во три мандати. Во рамките на оваа установа функционираат осум градинки во Битола.

Судењето за случајот на СЈО „Транспортер“, во кој, првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески се одложува поради жалба, бидејќи предметот не е во Кривичниот суд.

Судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Таа рече дека не знае за каква жалба станува збор, за што и од кого е поднесена.

Во кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи  судското рочишта за „Транспортер“,кој го презеде судијката Добрила Кацарска.

Во предметот „Транспортер“, кој треба да почне од почеток, на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и на уште 20-тина лица им се суди за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена злоупотреба на околу 360.000 евра. Обвинетите побараа судењата да се снимаат аудио и визуелно .

Заврши реставрацијата и конзервацијата на фасадата од Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола, останат од 16 век. Координаторот на проектот Зоран Алтипармаков, инженер архитект и виш конзерватор во Завод и музеј Битола, вели дека со ова е вратен стариот лик на џамијата како пред пет века.  При  зафатот бил користен оловен лим за куполите од Турција и варов малтер од Италија.

Речиси 10 милиони денари треба да исплати Општина Битола  годинава за основа и камата за задолжувањето што бившата локална власт на ВМРО-ДПМНЕ го зеде за изградба на инфраструктурата во поранешната касарна во Битола, каде се гради новата населба  „Златен рид“.

Кредитот земен од екс градоначалникот Владимир Талески во 2015 година, граѓаните на Битола треба да го исплаќаат до 2030 година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани