2win800x200

Директно

Семејни колекции, предмети, мебел, фотографии, документи , облека , лична или семејна историја или објекти со културно историско значење кои имаат потенцијал да станат туристичка атракција, ќе бидат промовирани како дел од локалната туристичка понуда во рамките на проектот „Раскажи ја својата приказна“.

                                   

Центарот за културна деконтаминација Битола е имплементатор на - Проект за унапредување на локалните политики за културен туризам и потикнување на индивидуалното претприемништво преку туристичка валоризација на приватни објекти и семејни атрактивности со културно-историско значење. Истиот е регрантиран како подпроект на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации" Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Фондацијата за оддржлив развој „ Преда Плус“.

-Проектот „Раскажи ја својата приказна“ се фокусира на сегментот на иновативни економски активности во делот на микротуризмот во Општина Битола. Активностите на проектот ќе траат осум месеци , заклучно со месец ,септември и ќе бидат фокусирани кон збогатување на локалната туристичка понуда , преку туристичка валоризација на културно историското - наследство во приватна или семејна соопственост. Проектот предвидува и формирање на мрежа на индивидуални туристички претприемачи , обуки и зајакнување на капацитетите за индивидуалното претприемништво во областа на туризмот и влијание врз креирањето на локалните политики за развој на туризмот. Проектот е поддржан од Општина Битола – преку одделението за Локален економски развој – ЛЕР, а вкупниот буџет за имплементација изнесува 246.000.00 денари, наведува Тоше Ивановски, координатор на проектот.

Вработени од Јавното претпријатие „Нискоградба“ со помош на механизација денес го чистеа Широк Сокак од снегот.  Работниците го собираа снегот со помош на машина бобкет, а потоа го префрлуваа во трактори и го носеа надвор од главната амбиенталната улица. 

Битолчанецот, Петар Нолев е планинарски водич и професионален спасувач. Учествувал во преку стотици  акции за спасување на планина, потраги  со кучиња, теренски возила, хеликоптери,  во гаснење пожари, помош при поплави.  

„Макар што грчката атмосфера ја заматува пропагандата, што е злостор спрема нашиот народ и спрема другите народи, денес, сакале ние или не, пред светот се раѓа македонската држава, народна држава, за чие создавање многу јуначки срца престанаа да бијат во градите на своите јунаци, но за нас отчукуваат нови тонови поради што се поставува и задача пред секој чесен човек, на Словеномакедонците да им дадеме права соодветни на грчката стварност“.

Семејство од Битола очекува државата да набави иновативен лек кој е неопходен за да заздрави нивниот 25 годишен син кој веќе два пати имал трансплантација на црн дроб и уште една операција заради одредена компликација. Апелот што побрзо да се набават иновативните лекови за ретките болести го упатија од ХЕПАР Центарот од Битола при денешното одбележување на Денот на лица со ретки болести.

Битола утрово осамна со снежна покривка од 16 сантиметри и уште во текот на ноќта во првите шест часа од снежните врнежи, ЈП „Нискоградба“ ги исчисти улиците од прв и втор приоритет.  

-Исчистени се улиците од прв и втор приоритет уште во текот на ноќта, а подоцна и приградските населби. Напочеток беа посипени ризла и сол , а откако наврнаа над десет сантиментри снег ја вклучивме целокупната механизација на претпријатието, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ во Битола,  за апла.мк.

По сушните декември и јануари, Битола доживува вистинска снежна идила на крајот од февруари.

Домаќинствата и институциите во Битола во текот на зимскиот период учествуваат со 70 проценти во емисиите на ПМ честичките, согорувајќи дрво во огништата, пишува во брошурата што Регионалното здруежение на географи „Геосфера“ ја објави со детална анализа на аерозгадувањето во градот. Во Битола над 62 проценти од домаќинствата  согоруваат  дрво за затоплување. Согорувањето на дрво во емисиите на ПМ 10 честичките  учествува со 39 проценти, а во ПМ 2,5 честичките дури со 57 проценти. Често се користи огревно дрво со висок процент на влага, кое создава многу големи количини на ПМ честички.

Населбите во поширокото централно градско подрачје на Битола, како што се Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат пазар имаат  екстремно аерозагадување, посебно во периодот после 15 часот, што се поклопува со периoдот на стабилизација на струењето на воздухот (Пелагонија - Пелистер) и потпалувањето на огништата со дрва. Тогаш токсичните ПМ честчки достигнуваат највисоки концентрации.  Во истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво Геосфера, во градот се регистрирани два алармантни реони на аерозагадување.

Три ученички и две професорки од Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола присуствуваат на едукативна средба за заштита на живтната средина што во следните пат дена се одржува во Крф, Грција. Битолчаните се дел од проектот за „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ на Еразмус плус програмата, во кој се вклучени и училишта од Италија, Португалија, Романија, Полска и Грција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани