2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НА МЕСТОТО НА СКОПЈЕ 2014 СЕ ГРАДИ НОЕЛЕНД 2020, ВО НОВАТА ПРЕТСТАВА НА БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР

Август 01, 2018

Македонија не била од воинот Аце, туку постара дури од времето на Ное чија арка се насукала не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина. Вака започнува дејствието во новата претстава „Но(е)ва Македонија“ на Народниот театар од Битола чија премиера беше поставена вчера на театарската сцена во Битола. Претставата ја исмева демагогијата што ја шират политичари злоупотребувајќи ја историјата и групното лудило што го опфајќа народот барајќи докази дека е библиски.

 

Приказната за Ноевата Македонија произлегува од сосема банална случка кога син на научник на стар пергамент за планината Арарат ќе ја напише првата бука од своето име Ш, па ќе излезе Шарарат. Умовите кои бараат доказ во сѐ  дека се голема нација, ова ќе го протолкуваат како божје чудо и доказ дека арката се насукала тука и од тука се распрснал животот низ целиот свет. Или како што се вели во претставата „се потекнува од нас и луѓето и животните, и Александар Македонски, и Грците, па ќе ги потопиме“.

Во одбрана на идејата излегуваат разнорани научници кои на крајно небулозен начин ги толкуваат топонимите. Така актерот Огнен Дранговски глумејќи научник во претставата вели дека врвот Кораб се вика така зашто таму прво удрила арката, потоа Рогачево каде удрило кормилото, Вешала местото каде ги жртвувал Ное животите на животните, Бозовце што значи Бог се одзвал, Ораше оти за изградбата се користеле ореви...38120017 1905355312863218 6329508035853025280 n

Концептот на политичарите го штити и религијата. Па, земјата добива архиепископ ноевомакедонски г.г. Ноелариј, а христијаните и муслиманите влегуваат во екумена со  најстарата регигија во светот, ноевизмот и заедно молат: „Ноeетва арката да дојде, да биде арката твоја како на небото така и на земјата...“ 

Во оваа комедија, сѐ што налик изгледа смешно е всушност трагично зашто потсетува на некои веќе видени работи, па и актерката Катерина Аневска често пати во претставата ја користи изреката „леле, луѓе, милам дека имам се ла ви, дека ова е веќе видено“.

На местото на Скопје 2014, почнува да се гради Ноеленд 2020 за кој ќе се потрошат милијарда евра. Ова беше една од најенергичните претстави на битолските актери во последно време, кои душата ја оставија на сцената.  Покрај бројните реплики имаше и комични музички нумери, како онаа за Александар Македонски: „Аце, Аце, ај што си убав, споменикот твој среде Скопје, гордо стој“. Но, одлучија да го трансформираат.

„Наместо тоа квадратесто лице, како од лош филм мислам хелоу,  ќе има отсечена глава, па Ное ќе го ставиме. Фројдовскиот меч кој ја симболизира хомосексуалноста на Александар ќе биде заменет со голем дебел груб стап“, велат актерите. Лавовите стануваат морски, коњите жирафи.38036803 1905364702862279 1537949049062162432 n

 По спомениците, се менува и азбуката, па и химната. На крај професорот открива дека букавата Ш пред Арарат ја напишал неговиот син , а не божја сила. Кога се побунува дека Ноева Македонија е заблуда, го убиваат. И тогаш сцената која беше во вид на арка, се отвора. Крајот на лудилото завршува со тоа што сите идеолози, па и граѓаните завршуваат голи во судот во Стразбур зашто банкротирале градејќи споменици и идентитет, па сега ќе им го земат и тоа за да го вратат долгот. Но, човечкото лудило стигнува дотаму што така голи, по гаќи, доаѓаат до идеја дека не се Ноеви, туку Адамови потомци оти секој Македонец има адамово јаболко во грлото.

Режисерот на претставата, Србинот Кокан Младеновиќ, изјави дека се навикнавме на политичките елити кои сервираат идеи од кои страдаат невини луѓе, а ним им е се подобро и подобро. Со оваа претстава сакаме да испратиме потсмев и да спречиме некои нови изопачувачања на историјата, рече Младеновиќ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани