2win800x200

Арарат ќе стане Шарарат во „Но(е)ва Македонија“

Јули 30, 2018

Арарат ќе стане Шарарат во „Но(е)ва Македонија“

Во новата премиера на Народниот театар од Битола, „Но(е)ва Македонија“ арката на Ное ќе се насука не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина во Македонија и оттука ќе се распрсни човештвото ширум светот. Ова е само дел од претставата во режија на Кокан Младеновиќ од Србија чија премиера е утре во 22 часот во Битолскиот театар. Претставата ќе ги исмее националистите и политичките грандомани кои ја изопачуваат историјата и себеси се прогласуваат за основачи на целокупната нација.

 

„Направивме претстава да говори против човечката глупост, против извитоперените политички системи, живееме во време во кое инстант го прифајќаме она што ни го сервираат, правиме идоли од глупави луѓе, не мислиме со своја гласва, не читаме, па дури и не љубиме. Живееме секојдневие исполнето со политика и квази уметеност. Оваа претстава е сатира на општество во кое всушност не живееме, ами дишеме на шкрги токму како во потоп кој треба еднаш се да однесе за да може да започнеме одново“, рече актерката Илина Чоревска, инаку уметнички директор на Народниот театар од Битола.

Познатиот српски режисер Кокан Младеновиќ рече дека истата политичка грандоманија ја правеше Голема Србија, Голема Хрватска, античка Македонија, и во тој образец на изопачено мислење се менуваат само имињата, а постапките нивни се исти.

„Постојат две верзии на патриотизам, доминатна е онаа во која се верува дека патриотизам е секогаш кога му велите на својот народ дека е најголем, најхрабар, најзначаен и друго што за мене е суштински патриотизам, да го освестите народот за се она што не е добро, поправање на својот народ, а не славење на нацијата. Со оглед на тоа во што се претвори минатата македонска власт со сопствената грандоманија, ова е претстава која свесно работи на поправка на сопствениот народ“, рече позантиот српски режисер Кокан Младеновиќ.

Тој искритикува дека на балканските простори нѐ победи уметничката малограѓанштина.

„Генерално мислам дека нас на овие простори нѐ победи уметничката малограѓанштина, таа желба за удобност, да примаме плати, да облечеме некои костими и од позиција на изведувачи да реагираме на текстовите што ги добиваме, но не како граѓани и свесни луѓе, туку да играме некои ликови, кои ако се однесуваат на некои лица, добро и ќе биди. Таа удобност на театарот е нешто што мене приватно многу ме нервира“, рече режисерот.

Тој истакна дека Битолскиот театар има одлична актерска екипа, која е способна срцето да го остави на сцената.38085792 441703809646324 2976197918475681792 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани