Играорци од Србија враќајќи се од „Илинденски денови“доживеале сообраќајка кај Грделичка клисура

Јули 31, 2018
фото српски Блиц фото српски Блиц

Играорци од „Хрватско културно друштво ШИД“ од Србија , денеска пред 16 часот кај Предајане во Грделичка клисура во Република Србија враќајќи се од Битола каде беа гости на фестивалот „Илинденски денови“, доживеале тешка сообраќајкна несреќа во која за среќа нема жртви, само повредени. Во сообраќајката учествувале две возила и автобус и според српските медиуми од автобусот  каде биле играорците од 33 патници имало дваесеттина повредни. Сите се хоспитализирани и укажан им е лекарска помош.

 

Организаторите на фестивалот „Илинденски денови“ за апла.мк потврдија дека веста ја добиле пред кусо време, шокирани се од случувањата и ги следат информациите од Србија од свои пријатели за здравствена состојба на играорците.   

-Прекрасно си поминавме три дена, ова вест не скрши, им поскуваме здрaвје и побрзо опоравување, и пак да ни дојдат во Битола, велат организаторите на Фестивалот за апла.мк.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани