2win800x200

МВР го спречи одигрувањето на претставата ,,Жиголо" во Битолскиот театар, од таму напишаа дека "системот го киднапираше театарот"

Ноември 23, 2025

Министерството за внатрешни работи го спречи одигрувањето на синоќешната претстава во Битолскиот народен театар, поради тоа што во Центарот за култура во Битола се одржуваше свеченост со висок безбедносен ризик, објави БНТ. Од Битолскиот театар настапија со силна критика велејќи дека "системот го киднапираше театарот".  Вчера во Битола имаше низа свечености по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука.   Објаснувањето зошто не се одржа претставата ви го пренесуваме во целост. -"Вечерва системот го “киднапираше“ театарот, за жал вечерашната претстава "Жиголо" беше одложена иако екипата беше подготвена, а пред вратата на службениот влез на театарот имаше огромен број на гледачи желни за театар. Ја користиме оваа прилика да им се извиниме за овој немил настан и да ги повикаме од понеделник во просториите на театарот за да им ги рефундираме средствата или да им ги замениме билетите за друга претстава.

Сметаме дека е некоректно од страна на Министерството за внатрешни работи на два часа пред почеток на претстава да не известат дека настанот кој се одржуваше во салата на НУ Центар за култура Битола е од висок безбедносен ризик и да ги пломбираат вратите на влезот на Нова сцена, односно да го спречат одигрувањето на претставата. 
Почитувана публико уште еднаш ви се извинуваме и ви благодариме за поддршката!, стои во објавата на Фејсбук страната на Народниот театар Битола. Текст Анета Блажевска
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани