
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани.

Во 2021 година започнува соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина Чориќ, со која заедно го објавуваат албумот „Recycle“ (2022, Croatia Records) — традиционални ромски песни претворени во прогресивен world music израз. Албумот добива одлични критики и го промовираат низ целиот регион, настапувајќи во повеќе хрватски и балкански градови.
Во 2024 година го објавуваат вториот заеднички албум „Muzika za ples“ (Croatia Records), кој повторно ги комбинира ромските и фламенко песни во прогресивен world music стил. Албумот во 2025 е номиниран за наградата Porin во категоријата „најдобар world music албум“, а Balkan Zoo настапува во живо на телевизиска изведба за 32. доделување на Porin.
29 ноември | 20:00 | Центар за култура – Битола