2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Бебето старо само неколку дена, што синоќа битолчанец го пронајде пред Домот за доенчиња, не било родено во битолската болница, потврдуваат за апла.мк од Центарот за социјални работи во Битола. Апла дознава дека најверојатно бебето било родено во прилепската болница, но полицијата го истражува случајот.

Австрискиот месинг квартет "Хајдн Брас" ја стана публиката на нозе во Народниот театар во Битола кога ја отсвири македонската песна "Македонско девојче". Салата ечеше од аплаузи.

Викендов Пелистер ги собра љубителите на планинскиот велосипедизам од цела Македонија. Во организација на спортскиот тим „Ај да возиме на Пелистер“ околу педесетина велосипедисти и планинари уживаат возејќи низ прекрасните планински предели.

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, како водечки партнер, „Комунална хигиена“ од Новаци и Движењето за околина „Молика “ од Битола ќе соработуваат со партнери од Грција во проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад“. Прокетот е кофинансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 898 853 евра, од кои 482 086 евра се за активности во Македонија, а останатите за Грција. Од грчка страна како партнери на прокетот се јавуваат „Диадима С.А.“ од Кожани, Центар за иновација и култура „Инополис“ и Националниот технички универзитет од Атина.

Новите раководства на јавните претпријатија  ЈКП „Водовод“ и ХС „Стрежево“  потпиша договор  за соработка и испорака на сирова вода. Горан Козаров, директор на ЈКП „Водовод“ и Менде Граматковски, директор на ХС „Стрежево“, седнаа на заедничка маса и ги дефинираа протоколите за испорака на водата.

- Се потиша договорот за соработка и испорака на сирова вода помеѓу ЈКП „Водовод“ и ХС„Стрежево“. Договор кој ги дефинира правилата, прописите и начинот на работа помеѓу двете претпријатија. Договор кој нема да дозволи да има судски спорови помеѓу овие две претпријатија, објавија заеднички двете претпријатија.

Добиена потврда за конзерваторско одобрение за Офицерски Дом“, напиша градоначалничката Наташа Петровска, вечерва на својот ФБ профил.

Годинашниот лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело е оскаровецот Роџер Дикинс, беше соопштено на  првата прес-конференција посветена на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски – Доре, рече дека за големината на  годинашниот лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело, големиот британски и светски кинематографер, Оскаровецот Роџер Дикинс, сведочат импозантните бројки од 115 најразлични светски филмски награди и 148 номинации.

Поскапувањето на цената на водата е по барање на Регулаторната комисија и по препорака на Европската Унија, објаснуваат директорите на јавните претпријатија во Битола. Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“ вели дека одлуката за поскапување на водата на Регулаторната комисија ја наследиле од времето кога на власт било претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Битола подготви проект со кој ќе  аплицира до ИПА 2 фондот на Европската Унија за добивање на грант кој планира да го искористи за реставрирање на Офицерскиот дом. Проектот е насловен „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом заедно со партерно уредување. Доколку се одобри апликацијата, Општината ќе добие над 71 милион денари, а сама ќе мора да кофинансира десет проценти од износот. На денешаната седница, советниците дадоа согласност Општината да учествува во проектот со 7,6 милиони денари. Доколку им го прифатат проектот,  Офицерскиот дом ќе треба да се реставрира до крајот на 2019 година..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани