2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Директно

Полициски инспектори по стопански криминал во три наврати влегле во ЈП „Нискоградба“ од Битола, прибирајќи документи и информации за евентуален криминал или злоупотреба на законите и постапките за јавни набавки и завршната сметка на ова претпријатие, дознава апла.мк од извори од претпријатието .

Наши анонимни извори велат дека  инспекторите ја чешлаат службената документација во неколку наврати, а последен пат биле вчера.

Нови работни места за битолчани во турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, најавува  Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ,  во изјава за апла.мк.

„Да ѝ кажеме на таа проста Европа,  никаква,  дека ние сме еретици и варвари, но не во негативна смисла. Ние сме тие и нема да се смениме ако не сакате земете нѐ , ако не на двобој“, порача битолскиот актер Огнен Дранговски на денешната прес конференција по повод новата премиера на Народниот театар „Коцкар“ по текст на Достоевски, а во режија на Дејан Пројковски.

Започна монтирањето на акцелераторот во Клиничката болница во Битола со што за многу скоро време, за месец до два пациентите од канцер ќе добиваат зрачна терапија.

Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски при денешната посета на Клиничката болница рече дека акцелераторот долго време бил во визбата на болницата, а со промената на власта целта на Министерството за здравство е да го стави во функција. 

Претставата „Коцкар“ од Ф. М. Достоевски во режија на Дејан Пројковски е најновата премиера на ансамблот на НУ Народен театар-Битола. Таа ќе биде изведена викендов како  првата премиерна претстава во новата година. Во неа  се ангажирани 14 актери, а главните улоги ги толкуваат актерите Огнен Дранговски и Илина Чоревска.

Најголемиот и најпосетениот музеј во светот, Лувр во Франција, потоа Музејот  на Ван Гог во Амстердам и Ријкс Музејот каде се наоѓаат дела од Рембрант, исто така во Амстердам, Холандија,  добија подобри оценки од едни од светски познатите  трговски брендови како „Ролекс“, „Лего“ и „Канон“.

Годинава продолжуваат систематските археолошки ископувања  во Хераклеја Линкестис. Според годишната програма што ја објави Министерството за култура, ќе продолжат систематските археолошки ископувања на Базиликата Е, кои ќе бидат поддржани за 200 000 денари. Уште толку пари Министерството ќе издвои  за ископувања во театарскиот плоштад. Ископувањата ќе бидат изведени под надзор на експерти од страна на битолскиот Завод и музеј.

Екс градоначалникот на Могила, Стево Пивковски, за апла.мк , изјави дека она што го објавува Јасмина Гулевска, актуелната градоначалничка на Могила е чиста небулоза.Гулевска вчера обвини дека Пивковски за сметки по кафеани во изминатите 5 години потрошил над 52 илјади евра од буџетот на општината.

-Гулевска беше советник во предходниот состав на Општина Могила 4 и пол години и точно знае кој јадел и кој пиел, кој реално ги трошел тие пари. Ја прашувам со кои камења фрла по мене?

По вчерашниот прекин од околу 2 час денеска  е прооден за сообраќај патниот правец Битола – Ресен,потврдуваат од СВР Битола.

Портпаролот Лефтерија Миленкоска потврди дека сообраќајот бил во прекин заради сообраќајна незгода која поминала само со материјална штета . Всушност поради големите врнежи од снег дошло до лизгање на шлепер кој го попречил протокот на сообраќај на патот.

Битолската полиција поднесе кривични пријави  против ЕЛЕМ  за загадување на животната средина и природа, како и против петмина поранешни директори и раководители во РЕК „Битола“, осомничени за соизвршителство во ова кривично дело. Тие пропуштиле да ги реконструираат филтрите на РЕК и дозволиле да се пропуштат штетни честички повеќе од дозволеното, а при отпепелувањето на одлагалиштето да се создаваат вртлози од пепел со што се зголемило загадувањето.   

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани