АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За прославите што во 15 градови ширум земјава ја организираше Владата на РМ под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ-одиме напред“, премиерот Зоран Заев се појави единствено во Битола да ја испрати пораката за обединување околу остварувањето на стратешките цели на РМ.
Тој, пред бината поставена на битолски Широк Сокак, направи селфи со своите сопартијци од Битола и со граѓаните кои беа присутни на настанот. Фотографијата ја објави на својот фб профил и напиша "Обедини се Македонијо и радувај се на овој историски успех за нашите граѓани!"
Премиерот во Битола дојде заедно со неговата сопруга Зорица Заева.
Битолчани ги проследија настапите на Дуке Бојаџиев, Дејан Декс, Фладер и Горан Кан.
Селфи на премиерот Заев
Фото: Сашо Ставрев