АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, како пратеник е составен дел од македонската делегација која престојува во САД, а ќе има можност да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде се очекува да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.
На 6 февруари 1945 година во битолската Гимназија, за прв пат во едно македонското средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик. Овој датум е неизбришлив и длабоко врежан во поновата историја на македонскиот народ. Од наредниот ден, на македонски, почна да се предава и во другите тогашни средни училишта.
Амбасадoрката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ, при денешаната посета на Општина Битола изјави дека со градоначалничката Наташа Петровска разговарале заедно да работата на развивање на меморијалниот туризам посебно во периодот кога се одбележуваат сто години од крајот на Првата светска војна.
Пелагонискиот регион е на прво место во земјава по морталитет од малигни неоплазми во 2016 година покажа истражувањето на Институтот за јавно здравје во Република Македонија. Според објавените податоци, Пелагонискиот регион предничи по бројот на смрттни случаи од рак сметано на 100 000 жители по статитички региони во Македонија.
Советот го усвои Локалниот акционен план на Општина Битола во областа вработување, домување, образование, здравство и жената Ромка за периодот 2018-2020.
Со навремена реакција и интервенција на битолската полиција во Клиничката болница во Битола било спречено да избувне нова тепачка меѓу поголеми групи што се собрале во болницата, откако таму на лекување завчера беа пренесени лицата повредени во масовната тепачка во хотел во ресенското село Царев Двор.
Новиот лидер на ОО на СДСМ во Битола, Методија Тасевски го избра својот тим за работа. Тасевски, синоќа до Општинската Конференција предложи членови на Извршниот и Надзорниот одбор, кои беа едногласно прифатени.
Во новиот состав на Извршиот одбор, се директорите на јавните претпријатија „Стрежево“ и „Водовод“, Менде Граматковски и Горан Козаров, регионалниот координатор на СДСМ, Александар Цуцуловски,
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Преспа најави дека црквата во Курбиново ќе биде реставрирана и конзервирана до крајот на 2019 година.
Од Преспанското Езеро водата е повлечена десетина метри од минатото лето. На една од најромантичните плажи Дупени Бич кај Маркова Нога, водата повлекувајќи се создаде мали островчиња. На крајбрежјето треба да поминете дваесетина метри низ тиња и вода до глужд за да влезете во езерото..