2win800x200

Текстилната фабрика „Хераклеја “нем споменик на социјализмот

Јуни 25, 2018

Разрушена, распадната, обезличена до крај текстилната фабрика „Хераклеја“во Битола, остана како нем  споменик од времето на социјализмот. Руината на некогашната фабрика сместена на Булеварот 1 Мај е грдата слика на градот. Затворањето на оваа фабрика,  а потоа и  стечајните лавиринти  не оставија во наследство ништо друго освен рушевини кои од далеку и само за миг ги крадат погледите на минувачите, предизвикувајќи чувство на сожалување, но и гнев.

Подметнувањето на пожари од пиромани во 2009 година дополнително и трајно ја оштетија градбата  каде егзистенцијата обезбедуваат стотици  битолски семејства . Објектот, во кој што пред 2000 година  работеше фабриката за кожна конфекција според соседите, е собиралиште на  бездомници и наркомани, кои во ноќните часови го користат просторот за сеанси.

Соседите велат дека од она што го знаат со Законот за денационализација објектот им бил вратен во сопственост и владение на шест битолски семејства, но и тие, пореди одредени проблеми помеѓу нив, се уште не го презеле.

Поради неколкуте познати битолски текстилни фабрики како што беа  „Хераклеја“, „Иднина“, „Битолатекс“, свиларницата „Илинден“, „Мокел“ и трикотажата „Пелистер, во седумдесеттите години од минатиот век, Битола беше нарекувана македонски Манчестер.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани