2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПРОФЕСОРКАTA ОД ВИСОКАТА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА НА ПАТ ДА ЈА ДОБИЕ БИТКАТА

Јуни 24, 2018

Професорката Елизабета Попова Рамова која пред десетина дена доби отказно решение од Високата медицинска школа,  ја доби правната битка. Управниот суд, одлучувајќи по нејзина тужба  ја поништи одлуката со која ѝ беше одземено професорското звање од страна на Високата медицинска школа. Попова Рамова иако беше носител на студиската насока за физикална медицина  беше  отпуштена од работа откако Просветниот инспекторат постапувајќи по пријава за плагијат побара од Високата медицинска школа во Битола да ѝ го поништи звањето професор.

 

Во пресудата на Управниот суд се открива дека пријавата против професорката која досега има публикувано 12 трудови со импакт фактор, била поднесена токму од професори од Високата медицинска школа. Судот утврди дека при донесувањето на одлуката имало повреда на постапката и побара Школата да ги отстрани недостатоците и да донесе законска одлука.

Професорката кога беше отпушена од работа се пожали дека е жртва на реваншизам од страна на некои професори зашто со години наназад се бунела на одредени незаконски постапи при вработување во школата.

„Како академски граѓанин се стремев да се спротивставам на сите незаконитости: непотизам при вработување и притоа прескокнување на звања и избор во повисоко звање што се коси со правилата, избор и доделување на предмети на наставници кои не се од област во која треба да го предаваат предметот, нити докторирале, нити се едуцирале за тоа во базичното образование“, рече професорката.

Директорката Домника Рајчановска пак, мината недела кога на професорката и беше даден отказ изјави дека сѐ што презеле било законски врз основа на претходно донесеното решение од Државниот просветен инспекторат и дека  не можат да држат на работа професор без звање. 

Додека траеја превирањата во Високата медицинска школа, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Сашо Коруновски, пред медиумите рече дека ќе ги почитува судските пресуди и по нив ќе постапува. Сега вели дека целосно стои зад тоа што го изјавил и веќе побара од Високата медицинска школа  дословно да ги почитува одлуките на Управните судови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани