2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наместо да им давате пари на децата што просат, станете волонтер и помогнете, апелираат експертите

Септември 27, 2019

Дури 32 деца кои работат на улици, односно просат се евидентирани преку проектот Психо-социјални и здравствени интервенции за деца од разнливи популации што се финансира преку ИПА фондовите за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција.

 

„Имаме идентификувани 239 деца од ранливи популаци, од кои 32 деца работат на улица и голем дел од денот го поминуваат на улица. Имаме идентификувано 25 деца кои привремено живеат во Битола и на улица, тоа се деца кои доаѓаат со семејствата да препродаваат зеленчук и буквално неколку месеци живеат на улица. Имаме идентификувани 157 деца кои живеат на улица Караорман 111 во населбата каде нема никакви услови за живот, секојдневно се соочувааат со сиромаштија, немање пристап до многу услуги“, вели д-р Гордана Ристевска Димитровска специјалист психијатар од Високата медицинска школа.

Меѓу децата кои работат на улица има од новородени до 18 годишни.

„Колку се помали, толку повеќе се злоупотребени зашто се користат со родителите, со мајките да предизвикаат поголемо сочуство кај граѓаните повеќе пари да добијат“, додава психијатарот.

Во рамки на проектот има Едукативен центар за ран детски равој и мобилни тимови од волнотери кои работат со деца кои живеат или работат на улица, со деца кои се гетоизирани во ромските населби. Им прижаат едукација, психо терапија, психолошко советување, социјални совети, советување за планирање на семејство и контрацепција за поголемите.

„Нема намалување, има тренд на зголемување на неписмена популација во Битола, која не е само млада, туку и возрасна популација, која е комплетно неписмена. Наместо да се намалуваат појавите на неписменост, сиромаштија, запоставување тие се зголемуваат“, вели Ристевска Димитровска.

Таа апелира битолчани наместо да им даваат пари на децата кои просат по улица да се вклучат како волонтери во проектот и да помогнат. Доколку им се даваат пари, тогаш децата наместо на школо ќе останат по улици бидејќи се ќе покаже дака можат да заработат.proekt 5

(Фото од денешната презентација на проектот) 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани