2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Професорот Томе Наумов од ВМШ дознал дека е пензиониран кога вчера се појавил на работното место

Април 23, 2021

Универзитетскиот професор др. Томе Наумов, од Високата медицинска школа во Битола, вчера не успеал да го одржи закажаниот испит со студентите. Кога стигнал во својот кабинет му било соопштено дека веќе не работи во оваа установа, односно дека е пензиониран, и покрај тоа што ја искористил законската можност да продлжи да работи до 67 години, откако на 12 април наполнил 64, за што доставил писмена изјава до ВМШ.

-Се затекнав во една непристојна ситуација во текот на вчерашниот ден кога држев испит, ми беше соопштено пред студентите дека сум одјавен од Агенцијата за вработувањ. Бев вчудовиден, вели проф. др. Томе Наумов.

Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска пак се повикува на членот од Законото за работни односи според кој, Наумов, требало да ја достави изјвата дека ќе продолжи да работи до 67 години до крајот на август лани, но ја доставил неодамна. Вели дека сите одлуки што ги донела се  законски

„Точно е дека професорот достави изјава за продолжување на работниот стажа, но веројатно од само нему познати причини, истата е доставена непосредно пред тој да наврши 64 годишна возраст, со што е прекршен челнот 104 став 3 од Законот за работни односи. Тоа значи дека секое мое поинааво постапување би било спротивно на законот, вели проф др. Домника Рајчановска, директор на Високата медицинска школа во Битола.

Професот Наумов, пак, тврди дека не е испочитуван Законот за високо образовние, според кој тој треба да ја заврши академската година, дури и да го исполнил условот за пензија.

-Професорот кој што ќе наполни 64 години има право да продолжи до 67, доколку наплни и 67 а ја има започнато академската година тој останува до завршување на академската година на 30 септември, вели проф. др. Наумов.

Поради ваквата ситуација професорот Томе Наумов, најавува тужба  за директорката на Високата медицинска школа и вели дека по 39 години стаж во високото образование, шокиран е од третманот на институцијата во која го минал работниот век. Поддршка добил и од стотици студенти, кои го мотивирале јавно да проговори за овој случај, а тие ќе го искажат својот став на он лајн конференција. Директорката, пак, вели дека е крајно некоректно што професорто Томе Наумов во случајот ги вовлекол и студентите. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани