АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локализиран е пожарот во комуналната депонија „Мегленци“ кој избувна вчера во попладневните часови. На екипите кои се на терен им пoмогна дождот што попладнево заврна во Пелагонија, но директорот на ЈП „Комуналец“ од Битола, Панде Боговски, вели дека опасноста и натаму е присутна, затоа што огнот тлее во внатрешноста на ѓубриштето
Екипите на ЈП „Комуналец“, на РЕК Битола и противпожарно возило на Општина Новаци, на чија територија е депонијата, кои се на терен од вчера попладне, продолжуваат со активностите.
Не се знае дали депонијата се самозапалила или е потпалена, но, Боговски изјави дека е симптоматично тоа што пожарот избувнал во недела, кога нема истовар на отпад, а во Мегленци, има само стражарска служба, која не може да ја контролира целата депонијата, што зафаќа површина од 6 хектари..