АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слободан Најдовски, поранешниот пратеник, долгогодишен колумнист во „Утрински весник“ и аналитичар за економско-финансиски политики од петокот е новиот секретар на Општина Битола.На оваа позиција дојде откако претходно на објавениот оглас од Агенцијата за државни службеници беше вработен во општинската администрација на Општина Битола. Најдовски е дипломиран економист, работел и во стопанство и во јавно претпријатие и токму овие квалификации биле препорака градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска да ја стекне довербата и да го назначи на оваа клучна позиција.