АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.П.(55), Ј.Б.(63), Ц.А.(65), Е.С.(31), М.К.(57), Д.К.(27) и Е.Е.(59) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 14.09.2016 првопријавената, како директор во државниот студентски дом „Кочо Рацин“ од Битола, донела и потпишала решение со кое себе си се распоредила како секретар во наведениот студентски дом, иако се уште вршела функција– директор, со што постапила спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.
Останатите пријавени, на седница на Управниот одбор, изгласале и потпишале повеќе одлуки со кои ја назначиле првопријавената како секретар, со што овозможиле на неа да и се исплатува 25% од платата за работното место секретар. Со наведените дејствија, првопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 235.001 денари, додека нанесената штетата на буџетот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ изнесува 362.276 денари.