АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата до обвинителството поднесе кривични пријави против две лица од Битола кои се сомничат дека за време на прославата за Илинден на Мечкин Камен, Крушево, скандирале пароли со говор на омраза.
„На 02.08.2018 година околу 13.00 часот на местото ,,Мечкин Камен“ во Крушево, каде се одржуваше манифестација по повод националниот празник „Илинден“, пријавените лица организирано присуствувале на прославата како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи. За време на положувањето на цвеќе, двајцата пријавени и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ се наведува во соопштението од полицијата
Обвинителството извести дека работи на овој случај.
„Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен. Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица а за сторено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа . Со кривичната пријава на двајцата осомничени, жители на Битола, заедно со засега се уште непознати лица, им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза“ соопштуваат од Јавн ото обвинителство на РМ
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп во континуитет презема дејствија за да го расчисти кривично правниот настан.