Кривична пријава против четири лица од Битола поради обид за кражба
Мај 09, 2023
Фото: Википедиа
Денеска криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесена е кривична пријава против Н.М.(18), К.М.(23), З.М.(22) и малолетник, сите од Битола, поради основи на сомнение дека на 02.05.2023 се обиделе да извршат тешка кражба во фирма во Радобор, битолско. Во извршениот службен разговор во СВР Битола, пријавените го признале во целост кривичното дело.