Се урла по улиците-77 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

Март 14, 2022

77 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

На 13.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 77 возачи, од кои 37 санкции се изречени на територија на Ресен, 19 на територија на Битола, 11 санкции на територијата на  Прилеп, 7 во Крушево и 3 санкции во Демир Хисар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани