АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Седумнаесетгодишна девојка е тешко повредена во страшната сообраќајка која се случила синоќа на патот Битола - Прилеп.
Полицијата соопшти дека вчера во 22.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола, стои во соопштението.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.