Битолчанка лажно ветувала вработување за 3000 евра на ресенчани

Март 25, 2022

Битолската полиција  до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.Л.(39) од Битола, поради постоење на основано сомнение дека извршила кривично дело „измама”

Пријавената, во периодот од ноември 2021 до 14.01.2022, лажно претставувајќи се дека е вработена во Министерството за внатрешни работи, ја довела до заблуда оштетената 44-годишна жителка на Ресен дека ќе ѝ овозможи вработување за сопругот за надомест од 3.000 евра. Откако ветувањето не било реализирано, оштетената сфатила дека е измамена и го пријавила случајот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани