2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Срамота е градот на ракометот да нема ултрамодерна спортска сала, искритикува Стрезовски

Април 27, 2022

Срамота е градот на македонскиот ракомет, Битола, уште да се игра во спортска сала што ја направил другарот Јосип Броз-Тито, а и таа е упропастена, остар во коментарите беше Гино Стрезовски, поранешен ракометар, тренер и редовен професор по ракомет на Факултетот за физичка култура во Скопје.

Тој како рецензент присуствуваше на промоцијата на колекцијата на шест книги, три цедиња и два софтвер за спорт од професорот Николче Костовски во Битола.

,,Срамота е Битола да нема сала. Она што го имате не е сала. Тука доаѓаат екипи од светски ранг, е не оди да го искршат автобусот патувајќи три саати од аеродромот во Скопје до Битола и да играат на минус 20 степени во салата. Ќе ве исклучат од Лига на шампиони. Да нема Битола сала за пет до седум илјади гледачи, срамота е за цела Македонија. Заслужува Битола ултрамодерна сала, не да ја направи Битола, туку Македонија, се знае што значи Битола за македонскиот ракомет", рече Стрезовски.

Битола се уште ја има некогашната спортска сака ,,Младост" од 1975 година, преименувана во ,,Боро Чурлевски". Во изминатите години имаше реконструктивни зафати на покривот кој претходно прокапуваше и замена на дотраени дограма, во тек е и проект за затоплување на салата, но често се случуваше да не биде загреана

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани