Во опожарена куќа на Солунска настрада 82 годишна жена

Мај 02, 2022

На 01.05.2022 во 09.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани