2win800x200

СДСМ: Битолчани ќе беа посреќни ако наместо шминка на Спортската салата, градоначалникот Коњановски направеше увид во изградбата на новиот спортски комплекс кој го вети

Јуни 14, 2023

СДСМ го поздравува отпочнувањето на градежните активности за санација на спортската сала Боро Чурлевски за да се исполнат критериумите за играње на ракометни натпревари од Лигата на шампиони.

 
Уште поголемо е задоволството што градоначалникот Тони Коњановски реализира проект наследен од локалната самоуправа што ја предводеше СДСМ до 2021-ва година. 
 
Сепак, битолчани ќе беа уште посреќни ако наместо шминка на и околу салата, градоначалникот Тони Коњановски направеше увид во изградбата на новиот спортски комплекс кој го вети во предизборната кампања. Идејното решение е избрано лани во декември, а еве и после шест месеци новиот спортски комплекс е само убава, шарена лага на Коњановски. Градоначалникот потроши над 50 милиони евра за една и пол година, а пари за нова сала не најде. 
 
Битолчани ја знаат матрицата на ДПМНЕ. Следната година ќе се сликаат Коњановски и ДПМНЕ со камен темелникот на новата сала, па ќе дојдат избори и салата ќе ја изгради следната локална самоуправа на СДСМ што ќе ги наследи обврските. Исто како со стадионот под Тумбе кафе. Освен за шминка ДПМНЕ ништо друго не знае. Прочитани сте!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани