Интегрално го пренесуваме пресот на Жаклина Наумовска, советник од СДСМ
Градоначалникот Тони Коњановски е против одлуката на мнозинството советници во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на шест битолски јавни претпријатија кои катастрофално менаџираат со работата.
Во законски предвидениот рок од 7 дена, Коњановски не ги потпиша одлуките што ги донесе Советот за разрешување на лицата кои заедно со директорите, се одговорни за загубите во претпријатијата и за целосниот хаос што владее во Битола.
Очигледно, Коњановски се стави во одбрана на своите сопартијци, и интересите на ДПМНЕ ги стави пред интересите на Битола и битолчани.
Прашуваме:
- Дали градоначалникот Коњановски повеќе сака јавните претпријатија во Битола да бидат во загуба, наместо да работат профитабилно и домаќински?
- Дали Коњановски намерно не презема ништо и сака колапс на услугите што ги нудат јавните претпријатија во Битола?
Да го потсетиме, Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! Што уште повеќе му треба на Коњановски за да побара одговорност од менаџерските тимови?
Катастрофа се случува секогаш кога ДПМНЕ ќе ја добие довербата од битолчани!