2win800x200

Основни права: закони има, тешко се спроведуваат

Јуни 07, 2022

Стратешката и законската рамка во однос на заштита на основните права на човекот во РСМ останува на задоволително ниво. РСМ е потписник на повеќето меѓународни документи во оваа област и тие конвенции и договори се ратификувани во Собранието, со што може да се констатира дека се дел од домашното право, по сила на ратификацијата, а потоа и преку посебни законски решенија. Сепак, постојано се укажува потреба од носење законски измени на одредени закони за кои праксата покажала дека имаат слабости, а таа измена не ретко доцни од различни причини – некогаш кај извршната, некогаш кај законодавната власт. Ова се  наведува во најновиот Извештај на  „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“

Главен стратешки документ е Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализам, која стапи во сила во 2019 година, која предвидува еден од основните столбови врз кој ќе се работи да бидат еднаквоста и недискриминацијата како основa за да се отстрани поделеноста во македонското општество, со акциски план, кој е донесен во октомври 2019 година. Покрај оваа национална стратегија, во рамките на другите стратегии, од кои најголем дел за имплементација се под капата на Министерството за труд и социјална политика, вреди да се издвојат Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, Стратегијата за родова еднаквост, Стратегијата за инклузија на Ромите во РСМ, Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство и други, заедно со акциски планови, програми, протоколи и слично.

Дел од овие стратегии, како што напоменаа експертите од фокус-групата, се истечени во 2021 година и се изработија нови документи врз база на постојните. Таков пример е Стратегијата за родова еднаквост, чие продолжување за периодот 2021-2026 г. беше на второ читање во Собранието на РСМ во април 2022 г., а проверката извршена во јуни покажа дека сѐ уште не е усвоена. Втор пример е Стратегијата за инклузија на Ромите, која истече во 2020 и беше поставена за јавна консултација на Единствениот национален регистар на прописи – ЕНЕР на 30.12.2021 година. Во февруари 2022 г., Владата на РСМ усвои Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година, а веќе во април на седница на Влада било дискутирано за социјални и економски политики за поддршка на ромската заедница согласно Стратегијата. По ова беше соопштено дека годинава биле издвоени 14 милиони денари повеќе отколку во 2021, т.е. вкупно над 73 милиони денари за спроведување на инклузијата, за во мај, со ребалансот, сумата повторно да се сведе на околу 63 милиони или само нешто малку над еден милион евра. Меѓутоа, има и стратегии што се истечени, а за кои не може да се најде податок дека се подготвуваат нови, како што е Националната стратегијата за еднаквост и недискриминација, која важела за периодот 2016 – 2020 година. Како последна новина може да се регистрира најавата за Национална  стратегија за правата на лицата со попреченост, што беше соопштено на самиот крај од јуни годинава.

Во однос на законската рамка, Северна Македонија уште во Уставот ги гарантра сите фундметални права, а тие се преточени во соодветни закони. Како поважен, чија имплементација почна во 2021 и продолжува во 2022 г., може да се издвои Законот за заштита и спречување на дискриминација (донесен на крајот од 2020 година) и формирањето на Комисијата за спречување дискриминација (КСЗД), која согласно овој Закон, првпат беше избрана на транспарентен начин во Собранието, на јавен конкурс. Седумчлената комисија има мандат на четири нејзини членови од по пет години, на тројца со три години и со право на реизбор, а претседателот се избира од редовите на членовите на Комисијата со мандат од една година. Меѓутоа, Собранието доцни со изборот на седмиот член, бидејќи во 2021 беа избрани шест, а иако Комисијата интервенираше до Собранието до крајот на јуни 2022 г, сѐ уште нема избор на последниот член на ова тело.

Во јули 2021 година, стапи во сила Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој се смета за прв закон со кој се санкционира родово базираното насилство. Во април 2022 г., Министерството за труд и социјална политика, во соработка со други министерства и невладиниот сектор, подготви и испрати Извештај до Советот на Европа за спроведувањето на активностите од Акцискиот план (кој е со важност од 2018 до 2023), за спроведување на Конвенцијата на Советот на Европа за спречувањето и борба против насилството врз жените и домашното насилство  (Истанбулска конвенција).

Во однос на законската рамка, новини се предлог на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, каде што се воведува кривично дело „демнење“, за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку канали за комуникација, вклучувајќи и интерент. И двата прописа не беа усвоени до крајот на подготвувањето на овој Извештај, иако се предложени уште во втората половина на 2021 година.

Во однос на законите и подзаконските акти, праксата покажува кои закони имаат слабости и треба да се изменат. Преку работата и препораките на Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, веќе има препораки за дополнување на одредени ставови од Законот за основно образование, од Законот за заштита на децата, како и еден подзаконски акт поврзан со овој закон, препораки за измени и дополнувања и на други закони што ја регулираат областа на човекови права, како и иницијативи за работни групи, кои доправа треба да предлагаат други законски измени. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, иницира и дополнување на основниот закон од областа, но и други закони, како што е Законот за прекршоци.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани