2win800x200

Кривична пријава за директорка од Битола - се сомничи за криминал во Специјализираната болница Отешево

Јули 25, 2025

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.

Исто така, првопријавената, користејќи го задолжениот токен, во текот на наведениот период ги одобрила и потпишала налозите за исплата од жиро сметката на установата, за сума во вкупен износ од 145.904 денари, за кој износ му нанела штета на Министерството за здравство.

Второпријавената, како правник и советник за човечки ресурси, ги изготвила конкретните три договори на дело, без согласност од лицето, ги искористила неговите лични податоци и број на трансакциска сметка од банка, со што преку исплата на финансиски средства, по основа на фиктивно извршени услуги, на установата и нанела штета во износ од 145.904 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани