
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира дека ноќеска група ресенчани повредиле двјаца полицајци, кои вршеле контрола во сообраќајот . - На 26.07.2025 во 22.20 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р.(26), У.Р(53), Б.Ј.(23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен. Имено, при вршење на службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило„ фиат" без регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(26) од Ресен, а откако на местото со друго возило пристигнале другите лица, Б.Р. го стартувал возилото и на ногата прегазил еден полициски службеник и удил во раката друг полициски службеник, по што сите заедно со тврди предмети ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.