Битолкаста полиција ноќеска имала полни раце работа. На локација околу Градскиот стадион уапсени три лица со дрога, а имало и тепачка.
На 03.08.2025 во 23:00 часот кај Градски стадион во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Австралија затоа
што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.08.2025 во 00:30 часот кај Градски стадион во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Б.(36) и Б.К.(40), двајцата од
Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај Б.К. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде
поднесен соодветен поднесок.
На03.08.2025 во02:15часотвоПолицискастаницаБитола,В.Б.(69)пријавил дека на 02.08.2025 во 22:15 часот кај Градскиот парк во Битола бил физички
нападнат од неколку лица. СВР Битола работи на расчистување на настанот.