2win800x200

Битолската полиција на лице место фати дилер како му продава дрога на 24 годишно момче од Битола

Август 05, 2025
Битолската полиција на лице место фати дилер на дрога како му продава марихуана на 24 годишно момче од Битола.
 
На 04.08.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Д.(24) и В.М.(29), двајцата од Битола. Околу 19:00 тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, која била пронајдена и одземена. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за кој постои сомнение дека е предмет на кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани