
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За само девет дена од Нова година до денес во Битола се случиле дури 14 сообраќајни несреќи,а во една од нив има и жртва. Од СВР-Битола засега не коментираат дали големиот број на несреќи е можеби последица и на врнежите од снег и одвивањето на сообраќајот во зимски услови.
-На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на месец јануари ,за периодот од 01-09 јануари случени се вкупно 14 сообраќајни незгоди ,од кои во една сообраќајна незгода едно (1) лице го загуби животот , пет (5) вкупно лица се здобиле со тешки телесни повреди и пет (5) вкупно лица со телесни повреди ,а додека во девет (9) сообраќајни незгоди причинета е само материјална штета, соопшти за апла.мк Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Лани од Општински совет за безбедност на сообраќајот во Битола на манифестацијата Денови на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи, соопштија дека воо првите седум месеци од годинава на територијата на Битола се случиле 176 сообраќајни несреќи од кои три со смртни случаи.