АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сообраќајната полиција во текот на вчершниот ден при извршени контроли на 247 возачи и возила во Битола запрела возачи без возачка дозвола, нерегистрирани возила вклучени во сообраќај и ред други прекршоци.
- При контролата, кај 1 возач откриено е присуство на алкохол и истиoт е исклучен од сообраќај. При контролата откриено е дека 4 возaчи управувале нерегистрирано возило , а исто така 7 возачи управувале возило без да поседуваат возачката дозвола ,а на двајца други возачи одземени им се возачките дозволи.
4 лица не користеле сигурносен појас , а 1 возач зборувал на мобилен телефон при управување на возило.
2 возачи непочитувале првенство на минување и 2 други направиле прекршок при неправилно престигнување. Усно предупредено е едно лице, а додека три други се писмено опоменати.
Со специјално возило “Пајак” 5 возила се подигнати ,а на 7 други им се издадени мандатни платни налози за неправилно паркирање.
На 20 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 15 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 12 видови останати прекршоци.
На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден има случено 2 сообраќајни незгоди (Прилеп и Битола) од кои во една незгода едно лице се здобило со телесни повреди , а во другата сообраќајна незгода причинета е само материјална штета, стои во извештајот од СВР-Битола.