АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Густа магла вечерва падна над Битола. Видливоста е намалена на неколку метри. Маглата не дозволува проветрување на воздухот и сите загадувачки честички остануваа да лебдат над земјата.
Тоа придонесува за појава на белодробни инфекции и заболувања, а особено е тешка за асматичарите.
Според истражување на Апла.мк во изминатите години, од Заводот за здравствена заштита добивме податок дека во Битола во просек има по 22 магловити дена годишно. За најмаглив месец се смета декември со 6,4 денови со магла, па јануари со 6,3, ноември со 4,1 и февруари со 2,8.
Како по некое непишано правило маглата најчесто се спушта околу Водици.
Според УХМР, маглата ќе се задржи во котлините и во наредните два дена. Ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места, а температурата ќе се движи од -4 минималната до 9 степени максималната. Во среда ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, со што се очекува и подигање на маглата. Тоа треба да го намали и загадувањето на воздухот.