АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За празничниот викенд битолската полиција при контрола открила 18 пијани возачи. Контролите биле извршени за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 828 возачи и возила.
При контролата кај 18 возачи откриено е присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Две лица не користеле сигурносен појас , а 2 други возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило.
Еден возач непочитувал првенство на минување и 2 други направиле прекршок при неправилно престигнување. Осум возачи се писмено опоменати ,а за неправилно паркирање издадени се вкупно 11 мандатни платни налози.
На 46 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 33 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 30 видови останати прекршоци.
На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден има случено 5 сообраќајни незгоди од кои во една незгода едно лице се здобило со телесни повреди , а во другите сообраќајни незгоди причинета е само материјална штета.