АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола минатиот викенд извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол на 1.424 возачи и возила.
При контролата, кај 31 возач откриено е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај.
Исто така, 36 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 40 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност. Кај пет возила е утврдена техничка неисправност, а на 23 возила утврдено е дека се нерегистрирани. При контролата, 10 возачи биле писмено опоменати, а на 145 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 90 прекршочни налози. Изминатиот викенд биле откриени и други 78 видови останати прекршоци.