АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лице со интелектуална попреченост од с. Кукуречани, битолско, било силувано од други лице, исто така со интелектуална попреченост, а други лица снимале со мобилен телефон.
„На 18.02.2019 З.К (44) од с.Кукуречани, пријавил дека пред неколку дена во с.Кукуречани, врз неговиот син С.К., кој е лице со тешка интелектуална попреченост, била извршена обљуба од страна на лицето П.К., кое исто така било лице со тешка интелектуална попреченост, а тоа било снимено со мобилен телефон од страна на други лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и од слобода е лишен А.Т. (19) од с.Габалавци, кој е задржан во СВР Битола и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Се преземаат и дополнителни мерки во врска со случајот“, велат од МВР.